19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во општина Дебар

Турски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во општина Дебар

Debar

Градоначалникот на општина Дебар Ружди Лата кој учествуваше на Балканската Конференција во Истанбул на општини од повеќе држави од регионот, изјави дека  бизнисмените од Турција и владината агенцијата ТИКА  најавиле нови инвестиции во повеќе градови во Македонија, а со тоа и во Дебар.

Лата рече дека нема некоја идеологија во однос на инвестициите од Турција, туку бизнисот  е интерес кога е во прашање работата на турските инвеститори.

Голем е бројот на иселениците од Македонија кои имаат бизниси и сакаат да инвестираат во родните краишта, додаде Лата, укажувајќи и на фактот дека големата децентрализација на локално ниво влијае многу позитивно во силниот развој на општините во Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП