27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобил на годината во Европа е Volkswagen Passat

Автомобил на годината во Европа е Volkswagen Passat

paki

Пред стартот на саемот во Женева, во овој град беше одржан завршниот дел од изборот за европски „Автомобил за 2015-та година“ (Car of the Year 2015) на коj победи „Volkswagen Passat“.

„Passat“ убедливо го освои првото место со 340 поени. „Citroen C4 Cactus“ се најде на втората позиција со освоени 248 бодови, а на трето место се пласира „Mercedes C сlasѕ“ со 221 поени од жирито.

paki2

За признанието „Автомобил за 2015-та година“ конкурираа сите модели што се појавиле на европскиот пазар во текот на 2014-та година, а условот беше да биле продадени во најмалку 5.000 примероци.

Најдобриот автомобил е избран од страна на меѓународно жири, составено од 58 новинари од 22 европски земји.

Во потесниот избор за наградата, покрај трите првопласирани модели, уште беа „Ford Mondeo“ (203 поени), „Nissan Qashqai“ (160), „BMW Serieѕ 2 Active Tourer“ (154) и „Renault Twingo“ (124).

paki3

Традиционалниот избор за „Автомобил на годината во Европа“ се оддржува од 1964-та година, а во 2014-та година победник беше „Peugeot 308“.

Kако и секогаш, во коментарите можете да наведете кој модел според вас ја заслужи титлуата „Автомобил за 2015-та година“ и зошто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП