3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство

Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство

logo-agencija za hrana i veterinarstvo

Директорот на  Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски, со претставници од секторите и одделенијата во Агенцијата, во вторник, во  Неготино и во Демир Капија,  ќе земе учество на првиот ден од Отворените денови на Агенцијата за храна и ветеринарство, кои  за граѓаните и компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор ќе се реализираат овој месец во подрачните единици на Агенцијата.

На средбите, граѓаните и компаниите од  земјоделско-прехранбениот сектор ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата, да дадат предлози, да се информираат за прашања кои се од нивни интерес, а се во доменот на работа на Агенцијата, како и да побараат стручна помош.

Во рамки на отворените денови, ќе биде промовиран Водичот за новините во означувањето на храната во ЕУ, кој го подготви Агенцијата за храна и ветеринарство за компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП