27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчката влада му го предаде на парламентот нацрт законот против сиромаштијата

Грчката влада му го предаде на парламентот нацрт законот против сиромаштијата

grcija-eib

Грчката влада објави во понеделникот дека на парламентот му го предала првиот нацрт закон посветен на борбата против сиромаштијата преку испораката на бесплатна електрична енергија, бонови за храна и помош за домување за домаќинствата кои имаат потреба за тоа.

Според владиниот документ кој беше објавен во медиумите, закон претставува акции од соочување со хуманитарната криза, како што новата грчка владата водена од коалицијата на радикалната левица ги нарекува социјалните проблемите во земјата по шесте години рецесија, од 2008 до 2013 година.

Со предавањето на споменатиот текст во парламентот, премиерот Алексис Ципрас се обидува да го покрене спроведувањето на предизборните ветувања по минатонеделните отстапки кон странските доверители на Грција за да добие продолжување на странската финансиската помош.

Понудениот предлог закон, кој првично ќе го проучува парламентарната комисија пред за него да се изјаснат пратениците на се’ уште не утврден датум, предвидува испорака на струја за домаќинствата кои не можат да ја плаќаат електричната енергија и ќе им испорачува до 300 khw бесплатна енергија до крајот на годината.

Со истиот закон се предвидува дека до 30.000 домаќинства ќе примаат и помош за домување од 70 до 220 евра, а за околу 300.000 лица ќе бидат осигурена помош во храна.

Меѓутоа, грчките медиумите забележуваат дека не е прецизирано колку ќе чинат споменатите социјални мерки, додека Атина се обврза да го задржи својот буџет во договорените рамки и би можела да има проблеми во сервисирањето финансиски обврски во март. Владата неодамна наведе дека тој механизам носи ниско финансиско оптоварување и дека би можел да помогне при покренувањето на потрошувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП