6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува Саемот за градежништво и RealExpo

Почнува Саемот за градежништво и RealExpo

saem-gradeznishtvo

Дванаесеттиот по ред Саем на градежништво и Саемот за недвижности и инвестиции RealExpo ќе се одржат од 3 до 7 март на Скопски саем.

На саемот, според организаторите, ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти.

Годинава најавено е учество на 100 директни компании-изложувачи, распоредени во три саемски хали.

Во рамки на Саемот за градежништво 2015, во Mетрополис Арената по петти пат ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции RealExpo.

Партнер на саемската манифестација е Министерството за финансии со проектот „Купи куќа, купи стан“, кој има за цел да им помогне на граѓаните полесно да дојдат до покрив над главата.

Посетителите ќе можат да ја разгледаат огромната понуда од над 3.000 станови, а за понудата ќе можат да се информираат и од претставниците на голем број градежни компании кои ќе понудат станови со попуст и до неколку илјади евра, што ќе важат само за време на траењето на саемот.

Во рамки на Саемот, ќе бидат одржани и стручни програмски активности на теми на енергетската ефикасност и фасадни системи и еко иновативни материјали, како и предавање на тема „Концепти и проекти во архитектурата“.

За посетителите Скопски саем организира наградна игра „Награда за надоградба“, при што најсреќните ќе добијат вредносни ваучери од 700, 500 и 300 евра во денарска противвредност.

Работното време на саемот ќе биде од 10 до 19 часот, а влезницата ќе чини 70 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП