29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораките од Иран ја спуштија цената на нафтата кон 61 долар

Пораките од Иран ја спуштија цената на нафтата кон 61 долар

nafta 94

Цената на сировата нафта потона во понеделникот на светските берзи кон 61 долар, откако Иран порача дека спогодбата за нуклеарната програма би можела да биде постигната уште оваа недела, доколку Запад ги укине санкциите, што би резултирало со значитлено зголемување на иранскиот извоз на нафта.

На лондонскиот пазар цената на барелот потона за 1,28 центи во однос на претходното затворање, на 61,30 долари. Минатата недела е заклучена во плус 2,53 долари. Во САД со барелот во понеделникот се тргува по 95 центи пониска цена, од 48,81 долар. Во петокот го заклучи тргувањето во плус 1,59 долари.

На крајот на минатата недела цената на нафтата беше поттикната од побарувачката и нарушеното снабдување за да во понеделникот се најде под притисок на посилниот долар и можна обнова на либискиот извоз.

Вредноста на доларот кон кошничката валути скокна на највисоко ниво за 11 години откако кинескиот јуан ослабна под притисок на намалените клучни каматни стапки во Кина, повлекувајќи ги со себе и останатите азиски економии во развој.

Дополнителен товар беа сигналите за закрепнување на извозот од оделни членки на OPEC. Во фокусот попладнево се најде пораката на Иран дека спогодбата за нуклеарна програма би можела да биде постигната уште ова недела доколку Запад ги укине санкциите.

„Доколку постои политичка воља да се уважи дека спогодбата и санкциите не одат едно со друго, овој пат би можеле да постигнеме договор“, рече во Женева иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џаван Зариф.

Иранскиот извоз веќе со години е ограничен со санкциите кои го воведоа САД и европските држави со цел да го примораат Техеран да ја згасне спорната нуклеарна програма, за која на Запад тврдат дека би можела да се користи за воени цели. Од Иран тврдат дека програмата се користи за цивилни цели.

Аналитичарите проценуваат дека во случај на укинување на санкциите Иран би можел во краток рок да го зголеми извозот на нафта и до еден милион барели дневно. Според проценките, во февруари Иран произведувал 2,8 милиони барели дневно.

Оваа вест се надоврза на процените за зголемено снабдување од другите членки на OPEC.

„Либиското производство и ирачкиот извоз се во пораст“, проценува Тамаш Варга од лондонски PVM Oil Associates, прогнозирајќи натамошен пад на цените на нафтата.

Пазарот се уште е прекумерно снабден, вели Карстен Фрич од франкфуртска Commerzbank, според кого закрепнувањето на цената на нафтата во последно време се припишува на шпекулативните купувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП