21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворени денови за велешани во Управата за имотно правни работи

Отворени денови за велешани во Управата за имотно правни работи

cadiev 3536

Управата за имотно-правни односи при Министерството за финансии од понеделникот започна со т.н. отворените денови со граѓаните на Велес, кои до крајот на март ќе имаат можност да добијат стручна помош за нивните проблеми од имотно-правен карактер.

„Во најголем дел граѓаните бараат информации за статусот на своите поднесени барања за приватизација, меѓутоа дел од нив доаѓаат да се консултираат со нашите служби за прашања кои не ни се во надлежност, меѓутоа колку што можеме им даваме одговор”, рече директорот на Управата, Зоран Крстаноски.

Во рамките на отворените денови на Управата за имотно правни работи, Крстановски во текот на денешната посета на Велес разговараше и со градоначалникот Славчо Чадиев при што беа разменети размислувања значајни за подобрување на услугите спрема граѓаните.

Според градоначалникот Чадиев, ваквата посета овозможува да се направи стратегија за усвојување детални урбанистички планови.

„Констатиравме што е најзначајно во моментов, на кои делови од градот да се посвети внимание, како и за експропријацијата на земјиштето и начинот на кој тоа ќе се направи за оние локации кои ќе бидат значајни за градот”, истакна на состанокот велешкиот градоначалник Чадиев.

Акцијата на Управата за имотно правни работи за отворени денови со граѓаните, ќе се реализира во просториите на подрачните одделенија на Управата од 8:30 часот до 17:30 часот. Општинските власти на Велес истакнаа дека, како и досега, остануваат отворени за соработка за сите граѓани, за сите нивни потреба или интереси. Во соработка со институциите ќе бидат презимани сите потребни мерки и активности за решавање на проблемите на граѓаните и создавање на подобри услови за живеење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП