22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесими: Функционалната пазарна економија претставува приоритет во областа на евроинтеграциите

Бесими: Функционалната пазарна економија претставува приоритет во областа на евроинтеграциите

fatmir-besimi-10

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во понеделникот имаше обраќање на настанот посветен на Стратегијата Југоисточна Европа 2020: Работни места и просперитет во европска перспектива, на кој што присуствуваа претставници на Регионалниот Совет за соработка и претставници на Европската комисија.

Во своето обраќање, Бесими ја изрази својата благодарност кон експертите од Регионалниот Совет за соработка и ОЕЦД за нивната континуирана поддршка во процесот на имплементирање на Стратегијата.

Тој истакна дека Националните институции во Република Македонија остануваат целосно посветени кон исполнување на целите поставени во оваа исклучително значајна регионална Стратегија, со цел подобрување на економската и социјалната клима, како и имплементирање на структурните реформи кои се клучни за конкурентноста.

Спроведувањето на активностите поврзани со Стратегијата Југоисточна Европа 2020 ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на функционалната пазарна економија во Република Македонија, што на среден рок ќе и овозможи на земјата успешно да се справи со конкуренцијата на единствениот европски пазар. Од тој аспект, Бесими нагласи дека зачувувањето и подобрувањето на функционалната пазарна економија претставува клучен национален приоритет во областа на европските интеграции.

Република Македонија вложува сериозни напори во зајакнувањето на капацитетите на институциите за подобро апсорбирање на ИПА средствата кои претставуваат клучна поддршка за земјите кандидати за членство во ЕУ. Имено, повеќе-корисничката програма на ЕУ е од исклучителна важност бидејќи е во функција на промовирање на регионалната соработка и зајакнување на размената на култури и знаење помеѓу земјите кориснички, како и поддршка на иницијативите од заеднички интерес.

На крајот, Бесими истакна дека успешната реализација на целите на Стратегијата Југоисточна Европа 2020 ќе резултира со поголема економска интеграција со регионот и ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП