11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Инфлацијата негативна, пад на цените

ЕУ: Инфлацијата негативна, пад на цените

euro-evro-money-pari

Инфлацијата во земјите на еврозоната и во месец февруари остана негатива, а цените продолжија да се намалуваат, соопшти денес статистичката агенција на ЕУ (Евростат).

Во февруари инфлацијата изнесувала минус 0,3 проценти, додека претходниот месец таа била минус 0,6 проценти.

Како што наведува Евростат, трети месец по ред земјите во еврозоната бележат дефлација – пад на цените.

Европската централна банка во месец јануари презема соодветни мерки за да ја спречи дефлацијата, бидејќи падот на цените на долг период носи пад на потрошувачката и намалување на платите, како и на државните приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП