18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРокот за поднесување на Годишна даночна пријава истекува на 15 март

Рокот за поднесување на Годишна даночна пријава истекува на 15 март

salteri-ujp

Рокот за поднесување на Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи истекува на 15 март, па од оваа институција апелираат до граѓаните побрзо да ја завршат оваа своја обврска.

„На две седмици пред истекот на крајниот рок (15 март 2015), 104.773 граѓани веќе ја исполнија обврската за поднесување на Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, од кои 467 ја искористиле можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси“, информираат од УЈП.

Од таму апелираат да не се чекаат последните денови, бидејќи  уште околу 100 илјади граѓани немаат поднесено Годишна даночна пријава, па можно е да се појави метеж пред шалтерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП