2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонската влада ќе ја поттикнува економијата со поголемо вработување на жените

Јапонската влада ќе ја поттикнува економијата со поголемо вработување на жените

japonski zeni 24

Најновиот план на јапонскиот премиер Шинзо Абе за радикална реорганизација на Јапонија е амбициозна цел со кој сака да го зголеми бројот на вработени жени и да ја намали долготрајната нерамнотежа меѓу половите на тамошниот пазар на трудот, објавија американските медиуми.

Нема сомневање, пишува Wall Street Journal,  дека на Јапонија очајнички и се потребни повеќе вработени жени. Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој(ОЕЦД), Јапонките се меѓу најобразованите во светот, со оглед дека 42,5 отсто имаат некој вид образование по завршувањето на средното училиште.

Но, само 67,5 отсто од Јапонките имаат работа, вклучувајќи и повремена работа. Во извештајот на инвестициската банка Goldman Sachs од 2010 година се проценува дека јапонската економија, под услов стапката на вработеност на жените биде иста со онаа на мажите, односно околу 80 отсто, би забележала раст на активноста и до 15 отсто.

Според информации на добро упатените во јапонските состојби, целта на премиерот е до 2020 година за пет отсто да го зголеми бројот на вработени жени на возраст од 25 до 44 години.

За таа цел, Абе предлага закон со кој на големите компании им се наложува да осмислат и објават планови за подобрување на улогата на жената во нивното работење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП