27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаскоро пристигнува новиот концепт на кросовер на Seat

Наскоро пристигнува новиот концепт на кросовер на Seat

seat krosover 2

Шпанскиот производител на автомобили „Seat“ во Женева ќе претстави претпродукциски концепт на кросовер кој на пазарот ќе пристигне во 2016-та година.

Поминаа три години откако „Seat“ на истиот саем ја презентираше првата дизајнерска студија на кросовер возила под ознаката „IBX“. Од шпанскиот производител велат дека во изминатиов период работеле на усовршување на концептот кој ќе има премиера во следните денови.

Најавувајќи го претпродукцискиот кросовер, „Seat“ ја објави и првата фотографија на која се гледаат детали од предниот дел на автомобилот. Таа открива дека кросоверот има превземено стислки елементи кои се карактеристични за актуелната генерација на модели на овој производител (Ibiza, Leon), како препознатливите фарови и маската на ладилникот.

Се очекува дека овој концепт, со помали промени, ќе влезе во сериско производство до крајот на годината, а во продажните салони ќе се појави во 2016-та година.

Овој кросовер на „Seat“ би требало да се изработува во фабриката на „Škodа“ во Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП