3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведскиот раст најголем од 2011

Шведскиот раст најголем од 2011

shvedska-rabotnasila

Шведската економија во последниот квартал од 2014 година ја забележа најголема стапка на раст во последните три години, покажуваат официјалните статистички податоци.

Бруто домашниот производ (БДП) во четвртиот квартал од 2014 година е зголемен за 1,1 проценти, во однос на претходниот квартал, додека на годишно ниво порасна за 2,7 проценти, што е најголем раст од третиот квартал во 2011 година, пренесува Ројтерс.

Економистите за извештајниот квартал во просек предвидуваа економски раст од 0,5 проценти во однос на претходниот квартал, односно 1,5 проценти во споредба со четвртиот квартал во 2013 година.

Потрошувачките цени во јануари на шведскиот пазар паднале за 1,1 проценти во однос на декември и 0,2 проценти на годишно ниво, според последните достапни статистички податоци.

Истиот извор наведува дека шведската Централна банка на почетокот на февруари се ангажирала за запирање на дефлаторните трендови, што, како што истакнуваат експертите, засега изгледа непотребно, бидејќи зголемувањето на БДП сигурно повторно ќе поттикне раст на потрошувачките цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП