3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден час прекин во сообраќајот од Охрид до Кичево

Еден час прекин во сообраќајот од Охрид до Кичево

highway-564x272

На патниот правец Охрид-Кичево, во сабота, од 13 до 14 часот ќе има прекин во сообраќајот.

Според АМСМ, прекинот е поради минирање во делот Врбјани – Пресека.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани по на места влажни коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП