24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHTC: Приходите потонаа за 44%

HTC: Приходите потонаа за 44%

htc2

„HTC“ ги објави резултатите за февруари кои покажуваат дека компанијата е во сериозни проблеми… или дека наскоро, доколку продолжи со ова темпо, ќе потоне. Имено, приходите на компанијата во февруари биле за 44 проценти полоши во однос на истиот период минатата година. Дополнително, резултатот бил за 27 проценти полош во споредба со резултатите од јануари оваа година.

Во минатиот месец „HTC“ оствари приходи во висина од 384 милиони долари, додека во истиот период од минатата година приходот изнесува 685 милиони долари.

Сите надежи на „HTC“ сега лежат во неговиот смартфон „One“. Неодамна претставениот уред поседува 4,7 инчен екран со резолуција од 1,920 х 1,080 пиксели и камера со резолуција од 4 мегапиксели.

Се смета дека конкурентската компанија „Samsung“ на „HTC“ му создаде огромни проблеми.

Освен на „HTC“ компанијата „Samsung“ им создава потешкотии и на другите произведувачи на смартфони, како што се „LG“, „Sony“ и „Motorola“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП