27 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook развива конкурент на Google Calendar

Facebook развива конкурент на Google Calendar

kalendar fb

Една од најпопуларните услуги на „Google“ е „Google Calendar“. Таа се користи од многу луѓе за закажување на состаноци и одржување на дневник со претстојните настани. „Facebook“ исто така има интерес во оваа сфера и е пред патентирањето на нов „систем и методи за закажување на средби“.

Документите за патентите се поднесени уште во 2013-та година. Тие веќе се официјално објавени, што значи дека првичниот преглед е завршен и претстои следната фаза пред издавањето на патентот.

Идејата на „Facebook“ е секој учесник во една средба да го воведува најзгодното време и место за него самиот. Тогаш софтверот ги споредува податоците и испраќа на организаторот резултат во поени. Така за него ќе е многу полесно да се процени кој ден, час и место ќе се најзгодно за што е можно повеќе луѓе.

Освен тоа софтверот ќе може самостојно да ги анализира внесените обврски од корисниците и да избира вистинското време за да „собере“ уште еден состанок. Алгоритмот дури го пресметува и времето и местото на последната средба, за да се обезбеди доволно време за да се пристигне на следниот состанок. Платформата дури може да зема во предвид во кои денови и часови дадениот човек најчесто пропушта или доцни на средби.

За сега е предвидено софтверот да се користи од страна на вработените на компанијата. „Facebook“ сепак претпоставува дека ваквата услуга би била интересна и за бизнис и обичните корисници. За сега, сепак компанијата не коментира дали би развила својот календар како самостојна услуга или пак интегрирана во социјалната мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП