1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren 675LT - новата закана за Ferrari (фото)

McLaren 675LT – новата закана за Ferrari (фото)

lt mclaren

„McLaren“ ги објави фотографиите и техничките детали за моделот „675LT“ со кој ќе му конкурираат на новиот „Ferrari 488GTB“.

Новиот модел е заснован на „McLaren 650S“, a при неговото конструирање инженерите на британскиот производител имаа во предвид за суперавтомобил кој може добро да се претстави и на тркачка патека.

lt mclaren1

Постигната е значајна заштеда во масата на возилото, па со 1.230 kg „McLaren 675LT“ зa 100 kg е полесен од моделот „650S“.

Во однос на „постариот брат“, „675LT“ има издолжен заден дел, поради што и го доби додатокот „LT“ (Long Tail) во името.

lt mclaren2

Моќта ја добива од подобрениот 3.8-литарски „twin-turbo V8“ мотор кој развива 675 ks и максимален вртежен момент од 700 Nm.

Благодарејќи на овие подобрувања, „675LT“ е способен од место до „стотка“ да стигне за 2.9 секунди, додека до брзината од 200 km/h му е потребно 7.9 секунди.

lt mclaren3

Максималната брзина на автомобилот е 330 km/h.

Само за споредба, 3.9-литарскиот „V8“ турбо-бензинец во „Ferrari 488GTB“ произведува 670 ks и 760 Nm.

lt mclaren4

„Ferrari“ од место до „стотка“ забрзува за 3 секунди, а брзината од 200 km/h ја постигнува за 8.3 секунди, додека максималната брзина е идентична како кај моделот на „McLaren“.

„McLaren 675LT“ ќе има светска премиера на 3-ти март на саемот за автомобили во Женева, кога би требало да биде позната и неговата цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП