9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрујата во втората половина од 2014 година поскапа за 4,78 отсто

Струјата во втората половина од 2014 година поскапа за 4,78 отсто

ege

Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата во втората половина од минатата година изнесува 5,09 денари по киловат час и е повисока за 4,78 отсто во споредба со првото полугодие од годината.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на електричната енергија, без данокот на додадена вредност по групи на потрошувачи за индустријата, се движи од 3,9 до 8,21 денари по киловат час.

Просечната цена, пак, на природниот гас, без данокот на додадена вредност за индустријата, се движи од 27,49 до 28,72 денари по нормален метар кубен во зависност од групата на потрошувачи. в

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП