13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија трпи огромни загуби поради санкциите кон Русија

Италија трпи огромни загуби поради санкциите кон Русија

italija-nova-italy

Санкциите кои ЕУ и САД и ги воведоа на Русија и нанесоа загуба од 5,3 милијарди евра на италијанската економија и пред падот на рубљата на крајот на минатата година, изјави денес претседатлеот на руската филијала на „Banca Intesa“ Антинио Фалико.

Според него, во однос на 2013 година, во текот на минатата година трговската размена меѓу Русија и Италија опаднала за 17 проценти.

Во претпоставките на Службата за анлитика на „Intesa Sanpaolo“, изработени врз основа на податоците од италијанскиот Национален институт за статистика, извозот на текстил, облека и кожа е најпогоден со санкциите воведени за Русија, но штета трпи и извозот на електрични апарати, машини и транспортни возила.

„Во краток временски период уништена е работата во нашите компании, кои успеаа да влезат и успешно да се развиваат на рускиот пазар. Извозот на италијанските производи во изминатите 15 години нагло скокна за 327 проценти“, наведува Фалико.

Тој нагласи дека и покрај политичката несигурност, неопходно е да се инвестира во Русија.

„Геополитичките тензии, падот на цената на нафтата и рубљата, што имаа негативно влијание на руската економија, не треба да ги доведат до прекин инвестициите. Зборуваме за сума од 400 милијарди евра наменети за поголеми проекти, каде италијанската уметност може да има голема улога. Не би требало тој пазар да им го препуштиме на новите партнери на Москва“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП