11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоставени подземни контејнери во Ново Лисиче

Поставени подземни контејнери во Ново Лисиче

kontejneri 242

Во населбата Ново Лисиче, беа поставени подземни контејнери, кои во петок ги промовирааградоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски и директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена”, Ракип Дочи.

„Градот Скопје продолжува со реализацијата на проектот системот на подземни контејнери, каде денеска ги промовирани првите контејнери на територијата на Општина Аеродром. Овде се поставуваат три подземни контејнери со зафатнина на секој контејнер од три метри кубни, од кои два се за мешовит отпад за домаќинствата и еден контејнер е за П.В.Ц амбалажа. Ова е една од трите локации кадешто се поставуваат подземни контејнери на територијата на Општина Аеродром. Вкупната инвестицијата на овој проект изнесува 6.600.000 денари и во неа подеднакво, со по 2.200.000 денари учествуваат Градот Скопје, ЈП Комунална хигиена и Општина Аеродром“, кажа градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Коневски рече дека до крајот на годината, во соработка со ЈП „Комунална хигиена” и Градот Скопје ќе работат на утврдување на нови локации за поставување на подземни контејнери.

Директорот на „Комунална хигиена” Дочи изјави дека со поставувањето на овие подземни контејнери значително се подобрува животната средина и нивото на хигиената во Скопје, притоа апелирајќи до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат.

Градот Скопје, ЈП „Комунална хигиена” и Општините во градот Скопје заедно го реализираат проектот  за поставување на Системи со подземни контејнери. Десега се поставени 14 системи со вкупно 42 контејнера со зафатнина од 3 м3 во Општина Центар, два система со четири контејнери во Општина Чаир, како и еден систем на територијата на Општина Кисела Вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП