1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMila Plus hybrid - концептот на Magna Steyr (фото)

Mila Plus hybrid – концептот на Magna Steyr (фото)

mila1

Австрискиот снабдувач на резерви делови „Magna Steyr“, во чиј погон се составува теренецот „Mercedes-Benz G-Class“, го претстави свој концептуален модел – „Mila Plus hybrid“.

Како што може да се види од името, спортското купе е опремено со хибриден агрегат. Во него влегуваат 3-цилиндарски бензински мотор, комплет акумулатори и два електромотори – еден за предната и еден за задната оска. Вкупната моќност на овој систем засега не е соопштена.

mila2

Од компанијата сепак откриваат дека кога моторот и двата електромотори работат истовремено – режим „паралелен хибрид“, возилото забрзува од 0 до 100 км/ч за само 4.9 секунди. А кога се активираат само двата електрични мотори, забрзувањето од 0 до 80 км/час се остварува за 3.6 секунди.

Со едно полнење на батериите „Mila Plus hybrid“ може да помине над 500 км. Само на електрична енергија километражата на автомобилот е 75 км. Претставник на „Magna Steyr“ е категоричен дека машината е меѓу повеќето еколошки во денешно време, а нивото на штетни гасови „СО2“ не надминува 32 g/km.

mila3

Во конструкцијата на возилото се користат лесни материјали, а исто така сите компоненти можат да бидат рециклирани, без тоа да влијае штетно на животната средина. Се очекува концептот, чија премиера ќе се одржи на саемот во Женева, да излезе во сериско производство за околу 3 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП