26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИExxonMobil губи 1 милијарда долари од санкциите против Русија

ExxonMobil губи 1 милијарда долари од санкциите против Русија

exxon mobil3333

„ExxonMobil“ пресмета дека загубите од прекинот на заедничките проекти со „Роснефт“ ќе достигнат 1 милијарда долари кон крајот на 2014-та година, покажа извештајот на американскиот нафтен и гасен гигант.

Компанијата придава дека загубите се последица на санкциите на САД и Европската унија во однос на Русија, кои доведоа до прекин на проектите со „Роснефт“ во Арктикот, Црното Море и Западен Сибир.

Американската компанија инвестира и обезбедува технологија за руските колеги во замена за проекти кои можеа да и донесат неколку милијарди долари во приходи.

Заедно двете компании работеа на 10 проекти, а сите тие беа запрени на крајот на минатата година.

Рускиот арктички проект можеше да стане еден од најскапите во историјата на „ExxonMobil“. Според проценките на експертите, изработен заедно со „Роснефт“, геолошката структура на „Универзитет-1“, кој е со големина на Москва, содржи 9 милијарди барели нафтен еквивалент, што укажува на вкупна вредност од околу 900 милијарди долари според моменталните цени.

Во септември „Роснефт“ ја објави оценката на депозитните резерви на наоѓалиштето „Победа“, кои се околу 338 милијарди кубни метри гас и повеќе од 100 милиони тони бензин.

Претходно овој месец американската компанија забележа профит за четвртиот квартал, кој ги надмина очекувањата на аналитичарите. Добивката по акција достигна 1,56 долари, а експертите очекуваа таа да достигне 1,34 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП