ЕКОНОМИЈА

Романија и Португалија под лупата на ЕК

magnifying-glass-charts._V388868037_

Европската комисија (ЕК) одлучи да покрене процедура за следење на макроекономската нерамнотежа на Романија и Португалија.

Во ноември 2014 година, ЕК имаше 16 земји на листата за мониторинг на економскиот дисбаланс.

И покрај намалувањето на својата надворешна и внатрешна економска нерамнотежа, во текот на три последователни договори со ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд, Романија и понатака претставува ризик поради малиот извозен капацитет и негативното движење на меѓународните инвестиции, се наведува во соопштението на ЕК.

ЕK исто така оценува дека бaнкарскиот систем и понатака има интерна и надворешна ранливост.

До средината на април, државите членки треба да ги претстават своите национални програми за реформи, врз чија основа ЕК во мај ќе даде конкретни препораки за секоја земја.