7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФрути на Витаминка – највкусни и најпопуларни меѓу Хрватите

Фрути на Витаминка – највкусни и најпопуларни меѓу Хрватите

vit

Меките кексина Витаминка, „Фрути“ се едни од највкусните, потврди оценката добиена од хрватските потрошувачи.

Овој заклучок е резултат на истражувањето спроведено од хрватскиот медиум „24 часа“. Истражувањето беше изведено на фокус група испитаници, составена од љубители на храна кои не знаеле чиј производ пробуваат, а нивните ставови и оценки се индивидуални, независни и нецензурирани. Од учесниците во истражувањето било побарано да дадат оценка за вкусот, квалитетот, обликот и чоколадото кај меките кекси со желе од портокал прелиени со чоколадо, кај потрошувачите познати како „Јафа“ мекикекси (“softcake”).

vit

Меки кекси со желе од портокал и прелиени со чоколадо, имаат повеќе производители во Европа. Во истражувањето биле тестирани сите кекси од оваа категорија присутни на хрватскиот пазар (од 10-на производители),  меѓу кои од: “Jaffa” на Crvenka, “Katy” од Kaufland, “Tastino” од LIDL, “Frutti” на Витаминка, како и меките бисквити со желе на “Milka”, “Budget” и “Kraš”.

Испитаниците на „слепиот тест“ покажале дека највисоко го оценуваат вкусот на „Фрути“ кексите, а исто така и цената. По вкупниот број на дадени поени за квалитетот, обликот, вкусот и цената на “Jaffa” кексите од страна на учесниците во истражувањето, “Frutti”-те на Витаминкаго зазедоа високото трето место пред „Црвенка“, „Милка“ и „Краш“.

Истражувањето покажало дека, според личниот впечаток на секој тестиран испитаник, високи оценки добиле и дел на оние меки бисквити со желе, што имале пониска продажна цена на пазарот. Ова покажува дека не секогаш високите цени значат и најдобар квалитет на понуденото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП