25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворање на изложбата „Одблесок на глувите“ од Јана Куновска во Прилеп

Отворање на изложбата „Одблесок на глувите“ од Јана Куновска во Прилеп

jana-kunovska-izlozba

Во петок, во галеријата од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Одблесок на глувите“  од Јана Куновска.

„Како заробеност меѓу два света, тој на живите и вечниот на никогаш вратените. Се мешаат помисли разни што животот во нас се‘уште ги дразни. Страст што треба да не воскресне од меланхолијата можеби акорд, или звук од одвевање на некаков свиток. Магичниот свиток. Една чудесна тајна што треба да се одвитка. Тајновитоста на деталите, сочните исчашени агли на цртежот измерен со пропорции на врвност, но сé уште сé лежи во тишина некаква…“, пишува Владо Манчевски за изложбата.

Во прилогот кон изложбата „Одблесокот на глувите“ Манчевски уште додава дека  „.. Очигледно глувоста предизвикува астрално видни премреженија. Како во некоја посредна агентура на меѓу-световите во коишто огнените жени излегуваат од џебовите на немото постоење, цели отежнати и тажни. Водата памети, не говори, кога обликот ќе добие форма идентична со онаа ниту на волкот ниту на јагнето, тогаш се отвора нов лист полн со некаква смирувачка љубов“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП