18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот буџетски дефицит над 3 % од БДП

Рускиот буџетски дефицит над 3 % од БДП

Russia Daily Life

Рускиот буџетски дефицит оваа година би можел да биде поголем од три проценти од бруто домашниот производ (БДП), изјави заменик министерот за финансии Алексеј Лавров.

Тој одговарајќи на прашањето како сега се проценува дефицитот во буџетот за 2015 година, изјави „повисок од три проценти“, но не можеше да наведе конкретна бројка, пренесува Тас.

Лавров исто така изјави дека проценки за буџетот за 2016 и 2017 година сеуште нема поради отсуството на прогнозите од Министерството за економски развој.

Според ажурираната прогноза на Министерството за економски развој, буџетскиот дефицит на Русија во 2015 година ќе достигне 3,8 проценти од БДП.

Буџетот на Русија за 2015 година, со оглед на економската криза, во моментот се наоѓа во активен стадиум на подготовка. До 1. март Министерството треба да ги достави своите предлози за трошоците, потсети Тас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП