4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е новото лице на Аudi R8 (фото+видео)

Ова е новото лице на Аudi R8 (фото+видео)

8smica

„Audi“ ја откри новата генерација на спортскиот модел „R8“, кој ќе се претстави пред публиката во Женева. Автомобилот е целосно обновен, како во дизајнот, така и во технологиите.

Што се однесува до дизајнот, тој е повеќе од еволутивен. Новина претставуваат предната решетка, како и првите „LED“ фарови, кои можат да бидат опремени со ласерски светла, осветлување до 600 метри пред автомобилот. Отворот за воздух во задните браници веќе се состои од два одделни детали, цевките на издувниот систем имаат трапезоидна форма, а светлата позади се целосно „LED“. Во верзијата „R8 Plus“ е достапен фиксен спојлер, направен од карбон.

8smica1

Ентериерот е исто така е изменет, а се забележуваат различни седишта, централна конзола и рачка. Инструментите на таблата веќе се целосно дигитални, што ја елиминира потребата од многу физички копчиња.

Новата генерација „Audi R8“ нема да нуди „V8“ мотор. Моделот е достапен само со 5,2-литарски „V10“ мотор, кој може да се нарача во две верзии. Првата нуди 540 КС и 540 Nm, додека флагманскиот „R8 Plus“ се потпира на 610 КС и 560 Нм.

8smica2

Благодарение на зголемената моќ, основниот „Audi R8“ постигнува 100 км/час за 3,5 секунди, а притоа развива максимални 320 км/час. Верзијата „R8 Plus“ го прави истото за 3,2 секунди и може да развие 330 км/час.

И двете модификации користат обновен 7-брзински автоматски менувач со две спојки „S tronic“, кој располага со три режими, вклучувајќи рачен. Достапна е и корпоративниот систем „Quattro“. Тој испраќа до 100% од вртежниот момент на задните тркала, но по потреба може да го преразпредели кон предните гуми, повторно до 100%.

8smica3

Новиот модел е изграден на архитектурата „Audi Space Frame“ која комбинира лесни и здрави материјали како челик, алуминиум и карбон. Генералното, тежината на моделот е намалена за околу 50 кг, па сега е точно 1555 килограми. Верзијата „R8 Plus“ е дури полесна – нејзината маса е 1454 килограми. Освен тоа отпорноста на извртување е оптимизирана за цели 40%.

Сето ова се одразило позитивно и на потрошувачката на гориво, што е намалено за 10%. Просечната потрошувачка на гориво кај „Audi R8“ е 11,8 l/100 km, додека најмоќната модификација има просек од 12,4 л/100 км, покажуваат информациите од „Audi“.

8smica4

Во моментов не е објавено ништо за очекуваната електрична верзија на моделот. Информациите за неа најверојатно ќе бидат познати за време на премиерата во Женева.

Втората генерација „Audi R8“ ќе се појави на пазарите ова лето. Цените почнуваат од 165.000 евра за стандардниот модел и од 187.400 за верзијата „R8 V10 Plus“.

8smica5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП