
Светската банка финансиски ќе ја поддржи Албанија во следните пет години со околу 1,1 милијарда долари, изјави претставничка на Банката во Тирана.


Светската банка финансиски ќе ја поддржи Албанија во следните пет години со околу 1,1 милијарда долари, изјави претставничка на Банката во Тирана.
Предвидено е за периодот 2015-2019 година со средства на СБ да бидат реализирани околу 15 проекти, во просек по три во една година.
Тие се наменети за буџетско и финансиско реформирање на земјата, но и за финансирање на енергетскиот сектор.
-СБ ќе остане приврзана кон доставувањето на постојана техничка и економска помош за Албанија, додаде претставничката на СБ, јави БТА.
Нацрт-спогодбата за новите петгодишни партнерски односи меѓу СБ и Албанија ќе биде разгледана во март. а