25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИвановски на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Париз

Ивановски на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Париз

ivo ivanovski099248

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во петок ќе учествува на состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој ќе се одржи во Париз.

На собирот ќе се покренат прашањата за дефинирање на клучните елементи на програмата и стратегијата на комисијата за периодот 2015-2016 година, со поставување на нова глобална развојна агенда, како и за краткорочните и среднорочните приоритети.

Состанокот ќе го отворат претседателот на комисијата Карлос Слим и претседателот на Руанда, Пол Кагаме, а учество ќе земат и генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, генералниот секретар на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ), Хуолин Жао,  како и политички претставници од повеќе држави.

Министерот Ивановски во Париз ќе оствари контакти и разговори со истакнати претставници од светот на информациско-телекомуникациските технологии, кои учествуваат на состанокот на комисијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП