17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнапредување на соработката со турската царина

Унапредување на соработката со турската царина

tabanovce

Царините на Македонија и Турција ќе ја унапредуваат соработката во областа на царинските контроли и истраги. Ова е договорено на вчерашната средба на директорите на македонската Царинска управа Ванчо Каргов и на турскиот Потсекретаријат за царина, задолжен за ЕУ и надворешни прашања, Хасан Косеоглу, во Анкара.

Каргов и Косеоглу, соопшти македонската Царинска управа, разменија искуства околу воведувањето нови ИТ системи во двете царински управи, осврнувајќи се на развојот на Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС) во двете земји, со оглед дека и во Македонија и во Турција системот го развива истиот изведувач.

– Косеоглу одржа презентација за развојот на НКТС во Турција, финансиран од страна на ИПА фондовите на Европската унија, кој е во функција од јануари 2012 година и се осврна на нивните искуства со овој систем во изминатите година и два месеци. Покрај ова, искажано е задоволство од нивото на соработка на полето на размена на информации во спроведувањето на трговската размена, при што е потенцирана потребата за натамошно продлабочување на соработката и олеснување на трговијата, се вели во соопштението.

Македонската делегација при престојот во Турција ја посети и логистичката база на турската Царина во Анкара, каде е сместен главниот ИТ центар на Царинската управа на Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП