4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕоѕ заминува во историјата!

Еоѕ заминува во историјата!

eos 3

„Volkswagen“ соопшти дека во текот на летото ќе биде ставен крај на производството на кабриолетот „Eos“.

Германскиот производител најави уште во 2012-та година дека размислува за укинување на моделот „Eos“ поради слабата продажба.

Сега кога оваа одлука е официјална, па по девет години од претставувањето и по 230.000 произведени примероци, овој кабриолет ќе замине во историјата.

Eos“ се произведуваше во фабриката на „Volkswagen“ во Португалија, каде исто така се изработуваат моделите „Scirocco“, „Sharan“ и „Seat Alhambra“.

Лансиран во 2006-та, кога кабриолетите беа многу популарни, „Eos“ во меѓувреме не ги оствари очекуваните продажни резултати, а поради намалениот интерес за кабриолетите, не требаше да се очекува дека наскоро ќе добие наследник.

Според избори од „Volkswagen“, заинтересираните купувачи ќе можат да го нарачуваат овој модел до крајот на март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП