26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се искачи над 62 долари

Цената на нафтата се искачи над 62 долари

nafta kop

Цената на нафтата се искачи во четвртокот на светските берзи над 62 долари со оглед дека оценките за закрепнување на побарувачката повторно ја потиснаа во втор план обилната понуда, која се манифестира во натомошното зголемување на залихите во САД.

На лондонската берза цената на нафтата порасна за 71 цент во однос на претходното затворање, на 62,34 долари. Во претходниот ден тргувањето го заврши во плус за пет отсто. Во САД со барелот се тргува по 40 центи повисока цена во однос на претходното затворање, од 50,59 долари. Во средата беше забележан скок од три отсто.

Вчерашниот скок на цените е најголем за речиси две недели, а поттикнат е од зачестените изјави на функционери на членките на OPEC за закрепнување на побарувачката и охрбрувачките показатели од кинескиот производствен сектор.

Саудијскиот министер Али ал-Наими изјави дека побарувачката расте, а внимателен оптимизам во поглед на прогнозата за нафтените пазари изнесоа и други функционери на OPEC. Неименуван претставник на една држава во Персиски залив рече дека побарувачката поизразено ќе порасне во втората половина на годината.

„Вчерашните коментари, промената на тонот во Садиска Арабија, се уште влијаат врз цената на нафтата“, рече Оливи Јакоб, аналитичар во компанијата Petromatrix.

Цената на нафтата остро падна од средината на минатата година под влијание на обилната понуда и слабата побарувачка за да во меѓувреме донекаде закрепне под влијание на намаленото производство кое за одделни компании, особено во САД, стана неисплатливо, поради скапата технологија за производство на нафта од шкрилци.

Прекумерната понуда се уште се чувствува, што се гледа и преку новиот скок на американските залихи во минатата недела, на ново рекордно ниво од 434,1 милион барели, покажуваат официјалните владини податоци.

OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка нафта во средата изнесуваше 53,81 долари, што значи дека била за 27 центи поскапа во однос на претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП