20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ:Минимална плата во Бугарија 184 евра, во Луксембург 1.923 евра

ЕУ:Минимална плата во Бугарија 184 евра, во Луксембург 1.923 евра

balkan-evropska-unija-evrointegracije_660x330

Најниска минимална плата во Европската унија има Бугарија во износ од 184 евра, додека највисоката која изнесува 1.923 евра или речиси за 11 пати повеќе ја добиваат работниците во Луксембург, покажаа денес објавените податоци на Евростат.

Земјите во ЕУ според висината на минималните плати се поделени во три групи.

Во првата група, каде минималната плата е под 500 евра, покрај Бугарија, се наоѓаат и земјите од Источна Европа и Хрватска.

Во втората група, со минималната плата од 500 до 1.000 евра е Словенија и земјите од Јужна Европа, додека Германија, Велика Британија, Франција, нордиските земји и земјите Бенелукс во групата со минимална плата над 1.000 евра.

Во однос на 2008 година, пад на минималната заработувачка е забележан само во Грција, и тоа во износ од 14 проценти, во Ирска е на истото ниво, додека во сите останати земји на ЕУ минималната месечна заработка е зголемена, покажуваат статистиките.

Најголемо зголемување на минималната плата во периодот од јануари 2008 до јануари 2015 година има Романија во износ од 95 проценти, потоа Бугарија со 64 проценти, Словачка 58 проценти и Летонија со 57 проценти, вели Евростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП