1 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во декември изнесувала 22.407 денари

Просечната плата во декември изнесувала 22.407 денари

Denari-2

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2014, изнесува 22,407 денари, што е за 4,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави во четвртокот Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (16,9 отсто), Градежништво (11,5 отсто) и Преработувачка индустрија (8,8 отсто).

На месечно ниво просечната плата е зголемена за 819 денари, што се должи на  растот на платите во секторите: Стручни, научни и технички дејности (19,8 отсто), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11,1 отсто) и Други услужни дејности (9,7 отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2014 изнесува 32 741 денари.

Во декември 2014 година, 1,2 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар