2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР: Се усогласуваат еколошките стандарди за проектот Бошков мост

ЕБОР: Се усогласуваат еколошките стандарди за проектот Бошков мост

ebrd 24

ЕБОР и ЕЛЕМ продолжуваат да бидат посветени кон имплементирање на проектот за хидро централата Бошков мост, откако ќе бидат соодветно разрешени сите предуслови поврзани со еколошката одржливост на проектот.

Ова го соопшти во четвртокот Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), откако деновиве британски весник Гардијан напиша дека поради бројни реакции на еколошки активисти се уште не се исплатени средства за Бошков Мост и целата процедура околу проектите е моментално запрена.

„Финансирањето на ЕБОР е условено од повеќе параметри при исплатата на средствата, вклучувајќи специфични еколошки и социјални предуслови, вклучени во Акциониот план за екологија и социјални услови на самиот проект“, стои во соопштението на ЕБОР.

ЕБОР потврдува дека подготвителните работи за усогласување со барањата за еколошките и социјалните стандарди се во тек. ЕЛЕМ и надворешните експерти превземаат изработка на натамошни студии за биоразноликоста и вложуваат значајни напори кон финализирање на потребните дополнителни студии, согласно регулативите на ЕУ.

Во насока на имплементирање на активностите, потребни согласно Акциониот план за екологија и социјални услови, ЕЛЕМ и ЕБОР ќе продолжат да соработуваат со заинтересираните организации и експерти од релевантната област, со цел да се земат во предвид научно заснованите совети и најдобрите пракси во подготовката, намалувањето на ризиците и мониторингот на активностите околу проектот, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП