6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСЗО ги повикува Европјани да ги вакцинираат децата

СЗО ги повикува Европјани да ги вакцинираат децата

vakcina-deca

Светската здравствена организација смета дека е неприфатливо малите сипаници повторно да се вратат во Европа, како што тоа сега се случува.

Од СЗО ги повикаа европските родители да ги вакцинираат своите деца против високо заразните мали сипаници, откако 22.000 случаи на мали сипаници беа забележани во Европа од 2014 година наваму.

„Мора да одговориме колективно, без понатамошно одложување, и да ги прекинеме гласините за имунизацијата“, рече Зузана Јакоб, директорка на СЗО Европа. „Неприфатливо е по 50 години напори да направиме безбедни и достапни вакцини, малите сипаници повторно да одземаат животи, пари и време“.

Според Агенцијата за здравје при Обединетите нации, 22.149 случаи на мали сипаници се пријавени во седум земји во Европа, од 2014 година наваму, а во Киргистан, Босна и Херцеговина и во Русија бројките се најголеми.

Сепак, болеста ја има и во Грузија, Казахстан, Италија и Германија, каде 18-месечно момче почина на 18 февруари, не можејќи да се избори со болеста.

Во Европа, но и во САД се прошири трендот родителите да не ги вакцинираатдецата.

Малите сипаници предизвикуваат висока температура и осип, кои може да доведат до пневмонија или отекување на мозокот, што понекогаш се фатални.

Болеста е многу заразна бидејќи се пренесува преку воздух.

„Приоритет сега е да се спречи понатамошно ширење со имунизација во земјите каде се појавија малите сипаници“, вели Недрет Емироглу, заменик директор во европската канцеларија на СЗО.

Многумина кои одлучиле да не ги вакцинираат своите деца велат дека се плашат од тројната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола, затоа што беше поврзувана со појава на аутизам, теорија која постојано беше докажувано дека не е точна со различни студии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП