16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдржана обука организирана од Американската стопанска комора во Македонија на тема ...

Одржана обука организирана од Американската стопанска комора во Македонија на тема ‘‘Услугата на клиентите како маркетинг алатка‘‘

ra

Денешната обука со наслов ‘‘Услугата на клиентите како маркетинг алатка‘‘ е дел од предвидените активности на Комората, со цел промовирање на добри деловни практики помеѓу своите членки и пренесување на искуства од други земји со цел воспоставување на системи кои подобро ќе одговорат на барањата на клиентите.

Обуката ја спроведе г-ѓа Барбара Опершал, долгогодишен директор на Бест Вестерн Централна Европа. Како „регионален линк“ помеѓу седиштето на компанијата во САД и земјите во Централна Европа, г-ѓа Опершал била задолжена за изнаоѓање на решенија кои ќе бидат прифатливи за сите инволвирани страни притоа имајќи ги предвид глобално востановените стандарди и процедури.

ra

‘‘Ми претставува огромно задоволство што сум повторно тука после десетина години и можам слободно да кажам дека македонскиот народ го краси природна гостопримливост. Оваа карактеристика, што се однесува на одговарање на барањата на клиентите, уште од самиот почеток  ја става вашата нација во подобра позиција во однос на многу други нации‘‘ – изјави Опершал.

Настанот беше официјално отворен со обраќањето на г-дин Мирослав Марчев, Претседател на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија и на него присуствуваа преку 80 претставници од компаниите членки на АмЧам Македонија.

Во текот на обуката г-ѓа Опершал се осврна на очекувањата на клиентите и антиципацијата на нивните потреби со цел да се понудат креативни решенија кои пријатно ќе ги изненадат и начинот на кој компаниите треба да ги третираат жалбите, сметајќи ги како нови можности, а не закани. Исто така таа ги објасни и мерките кои неопходно треба да се преземат за да се обезбеди квалитет на услугата и кои ќе осигурат задоволни клиенти.

rb

‘‘Денес повеќето клиенти се подобро информирани, бараат повеќе и имаат многу помалку трпение споредено со пред 10 години. Повеќе не е доволно само да се има општо познавање за тоа кои се вашите клиенти и кои од вашите производи се продаваат најдобро на вашиот пазар. Вие треба да знаете, како дознале за вашиот производ, зошто го избрале и што е најважно колку се задоволни од него. ‘‘ – изјави г-ѓа Барбара Опершал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП