18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција доби трета шанса да го намали јавниот дефицит

Франција доби трета шанса да го намали јавниот дефицит

francijajdnbh43tr4

Европската комисија и одобри нов рок од две години на Франција својот јавен дефицит да го намали под три проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Односно до 2017 година кога се закажани и претседателските избори во таа земја.

„Брисел одлучи на Франција да и одобри дополнителен рок до 2017 година за да го намали својот дефицит“, изјави денес европскиот комесар, Валдис Доморовски.

Тоа е трет рок кој Франција го доби за да го намали дефицитот под три проценти од БДП.

Франција ќе мора до април да ја претстави „Националната програма за реформи“ која ќе и овозможи намалување на јавниот дефицит, додаде Дмборовски.

„Франција веќе најави неколку реформи… Очекуваме да го претстави својот план до април, а Брисел ќе го прегледа во мај“, изјави европскиот комесар за економски и финансиски прашања Пјер Московиси.

Француската влада предвидува дека во 2015 година ќе има дефицит од 4,1 проценти, наместо првично ветените три проценти и пад под три проценти дури во 2017 година, кога ќе бидат организирани и претседателските избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП