2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПроекција на филмот „Убавицата и Себастијан“

Проекција на филмот „Убавицата и Себастијан“

9h5ofWc

Францускиот институт во Скопје, во четврток, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија, ќе одржи проекцијата на филмот „Убавицата и Себастијен“ од 2013 година, на режисерот Никола Вание.

Во главните улоги настапуваат Феликс Босие и Чеки Карјо.

Оваа авантуристичка и семејна драма, која се прикажува во рамките на редовниот француски кино-клуб, „содржи прекрасна музика и идеалистички приказ на хуманоста“ (Ле Нувел Обсерватер), а „Вание речиси се наметнува со својот неоспорен режисерски талент преку начинот на претставување на восхитувачки пејзажи, убавините на планиските мотиви, но и на една силна приказна за прекрасно пријателство“ (Телесинеобс).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП