24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов рекорд на Dow Jones

Нов рекорд на Dow Jones

rast pad

Берзанскиот индекс „Dow Jones“ во средата достигна ново рекордно ниво, додека „S&P 500“ и „Nasdaq“ благо паднаа бидејќи немаше позначајни вести кои позначително би ја насочиле берзата.

„Dow Jones“ зајакна 15 поени, или 0,08 отсто, на 18.224 поени, додека „S&P 500“ ослабна 0,08 отсто, на 2.113 поени, а „Nasdaq“ индексот се намали за 0,02 отсто, на 4.967 поени.

Новите рекордни на „Dow Jones“ најмногу се должат на растот на цените на акцијата на „McDonald’s“ за речиси 4 отсто, што ја ублажи и загубата на останатите индекси.

Најголем раст, за 0,8 осто, вчера имаше секторот на стоки за широка потрошувачка, откако неколку трговски синџири, меѓу кои и „Target“, известија за подобри од кварталните деловни резултати од очекуваното.

За 0,4 отсто порасна енергетскиот сектор, што се должи на скокот на цената на нафтата на американската берза за 3,5 отсто, на 51 долар по барел, по пораките од Саудиска Арабија дека побарувачката за црно злато постепено јакне.

Поддршка на берзите пружи и податокот за помал од очекуваниот пад на продажбата на куќи во САД во јануари.

Од друга страна, остро, за речиси 10 отсто, потона и цената на акцијата на „Hewlett-Packard“, откако технолошкиот гигант објави послаби деловни резултати во изминатото тромесечје од очекуваното и ги намали проценките за оваа година поради зајакнатиот курс на доларот.

Значително, за 2,6 отсто, падна и цената на акцијата на Apple, по вестите дека најголемата светска компанија по пазарна вредност мора да плати над 530 милиони долари отштета поради кршење на патентните права.

Со оглед дека оваа акција има голема тежина во „Nasdaq“, овој индекс вчера прв пат ослабна по 10 дена континуиран раст, спуштајќи се од највисокото ниво за 15 години.

Вториот ден од извештајот на претседателката на Фед Џенет Јелен во Конгресот мина без нови детали, поради што на инвеститорите им преостана и натаму шпекулираат кога американската централна банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП