27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија преговара со инвеститори од Абу Даби за изградба на голем аеродром...

Русија преговара со инвеститори од Абу Даби за изградба на голем аеродром на Куба

ruska

Русија бара поддршка од инвеститори од Абу Даби за проект за изградба на големо меѓународно пристаниште на Куба, кое би функционирало како порта за Латинска Америка, известија денеска руските медиуми.

За овој проект неделава претставници на руската влада разговара со државниот стабилизациски фонд на Абу Даби, „Mubadala“ извести весникот „The National“, цитирајќи го рускиот министер за индустрија Денис Мантуров.

За време на посетата на Абу Даби поради учество на саем за воена опрема, министерот Мантуров изјави дека Русија ќе инвестира најмалку 200 милиони долари во аеродромот на Куба.

„Интензивно учествуваме во преговорите. Куба развива своевиден транспортен јазол од насока на морското пристаниште и железничката линија кон аеродромот“, рече Мантуров.

Портпаролот на фондот „Mubadala“ изјави за „The National“ дека со руските парнери редовно разговараат за низа различни можности за инвестирање.

Според весникот, Русија се обидува да ги зајакне своите врски со трговските партнери на Блискиот исток, во Азија и Латинска Америка во контекст на меѓународните санкции поврзани со вооружените судири во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП