23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе враќа Jensen (фото)

Се враќа Jensen (фото)

jansen

Британскиот производител на автомобили „Jensen“ ќе го врати на пазарот истоимениот бренд.

Првиот нов модел ќе има премиера во Женева, а ќе биде проследен со уште еден, кој ќе излезе следната година.

„Преродбата на една легенда ќе се случи во Женева“, велат од компанијата „Jensen Group“, која прогласи банкрот во 2002-ра година.

На саемот ќе биде демонстриран автомобил под името „Jensen GT“ кој ќе биде пуштен во лимитирана серија.

„„Jensen GT“ претставува мост помеѓу последниот вистински „Jensen“ – „Interceptor“ од 1976-та година, и целосно новата машина која ќе излезе следната година“, се наведува во информацијата.

jansen1

Автомобилот, кој во моментот го гледаме само како модел од глина, ќе се изработува рачно во ограничена серија. Избраниот мотор е американски – 6.4-литарски „V8“ со компресор и систем „VVTi“. Агрегатот е од алуминиум, а по доработка ќе генерира 665 КС. Изборот на трансмисии е меѓу рачен и автоматски, и двете со 6 брзини.

За „Jensen GT“ се обезбедени технологии, како активна решетка, предни и задни „LED“ светла и адаптибилен систем за стабилност. Според британското издание „Аutocar“ цената на автомобилот ќе биде околу 350.000 фунти.

Што се однесува до вториот модел кој ќе го очекуваме следната година, тој ќе го носи името „Interceptor 2“. Во моментов е познато само дека неговиот дизајн ќе биде инспириран од оригиналниот „Interceptor“, а технологијата во него ќе бидат последениот збор на техниката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП