18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБерлускони нуди 1,2 милијарди eвра за државната RAI Way

Берлускони нуди 1,2 милијарди eвра за државната RAI Way

berluskoni 24

Компанијата „EI Towers“, контролирана од поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, предложила 1,23 милијарди евра (1,4 милијарди долари) во пари и акции за конкурентската „RAI Way“, соопштува „Reuters“.

„Спојувањето цели да создаде еден оператор на предавателите во Италија“, се вели во соопштението на „EI Towers“ од доцна во вторникот. „RAI Way“ е контролирана од италијанскиот државен емитер „Rome“.

„EI Towers“ нуди 3.13 евра кеш и 0,03 обични акции на „EI Towers“ за секоја акција на „RAI Way“. Тоа ги оценува акциите на компанијата со седиште во Рим на 4,50 евра за секоја, или за 22% повеќе во однос на цената при крајот на тргувањето на 23-ти февруари од 3,69 евра за акција.

„Eletttonica Industriale“ на Берлускони поседува 40% од „EI Towers“, а „BlackRock“ е втор најголем инвеститор со 10,3%. Акционерите на „EI Towers“ ќе се состанат на 27-ми март за да одобрат капитал за зголемување на зделката, која може да биде завршена во текот на летото оваа година.

Во почетокот на февруари Берлускони собра 377 милиони евра од продажбата на својот удел од 7,8% во „Mediaset“. Неговата цел беше да се зајакне финансии на семејната инвестициска компанија.

Акциите на „EI Towers“ поскапеа за 7% до 48,40 евра денеска на берзата во Милано. Така пазарната капитализација на компанијата достигна 1,4 милијарди евра. Акциите на „Rai Way“ се тргуваа за 16% поскапи или 4,31 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП