26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно пад на инфлацијата во Австрија

Повторно пад на инфлацијата во Австрија

evrozona-inflacija

Во Австија повторно е регистриран пад на инфлацијата, па така во јанури е регистриран раст на цените од само 0,6 проценти на годишно ниво, што е најниското ниво од октомври 2009 година, објави австрискиот Завод за статистика.

За ниска инфлација, како и во декември, придонесе намалувањето на цената на горивата и останатите енергенси, без кои инфлацијата би била два пати поголема, пренесува АФП.

Европската стратистичка служба Еуростат соопшти дека годишната инфлација во еврозоната во декември 2014 година била негативна за прв пат во последните пет години.

Најголемите позитивни стапки на инфлација ги забележале Романија со еден процент, Австрија со 0,8 и Финска со 0,6 проценти.

Ова е од октомври 2009 година најниската годишна инфлација во еврозоната. Негативната инфлација во еврозоната е предизвикана и со големиот пад на цените на енергенсите, додека цените на храната и алкохолот останале стабилни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП