16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелегација од Oпштина Бига од Турција во посета на Велес

Делегација од Oпштина Бига од Турција во посета на Велес

biga-veles

Делегација на општината Бига од Република Турција, предводена од градоначалникот Исмаил Исик и членови на советот престојуваат денеска во посета на Општина Велес.

За гостите најпрвин беше организиран прием од страна на градоначалникот Славчо Чадиев, а потоа беше направена и обиколка и разгледување на градот.

Срдечната средба двајцата градоначалници Чадиев и Исик, ја искористија за договор за понатамоша соработка и активности во интерес на граѓаните, за продлабочување на пријателството и креирање нови значајни проекти.

Гостите од Република Турција ја искористија можноста и да ја посетат родната куќа на Хамдибеј, кој по потекло е од Велес, а неговиот лик и дело е од големо значење за турскиот народ и историја.

Денес, 95 години по неговата смрт, Хамдибеј останува да биде големиот мост за поврзување помеѓу двете пријателски општини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП