18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов рекорд на Dow Jones и S&P 500

Нов рекорд на Dow Jones и S&P 500

rekord-berzi-dow-jones-sp

Берзанските индекси  Dow Jones и S&P 500 достигнаа нови рекордни нивоа во вторникот на Волстрит бидејќи инвеститорите од коментарите на претседателката на Фед Џенет Јелен заклучија дека американската централна банка нема да брза со зголемување на каматите.

Dow Jones зајакна 92 поени, или 0,51 отсто, на 18.209 поени, додека S&P 500 порасна 0,28 отсто, на 2.115 поени, а  Nasdaq се зголеми 0,14 отсто, на 4.968 поени, ново највисоко ниво од 2000 година.

Во извештајот во Конгресот Јелен рече вчера дека челниците на централната банка за зголемување на клучните каматни стапки во иднина ќе расправаат на секоја седница.

„Доколку економските показатели продолжат да се подобруваат, што очекуваме, одборот ќе започне да го разгледува целното зголемување на распонот на каматите на секоја седница“, рече Јелен во полугодишниот извештај за економијата и монетарната политика.

Иако тоа значи дека Фед, за прв пат од 2006 година, би можел да ги зголеми каматите на секоја наредна седница, а Јелен не повтори дека Фед ќе биде трпелив по прашањето на каматите, дел од инвеститорите ја протолкува изјавата како сигнал за одложување на зголемувањето на каматите.

Благодарение на тоа,  Dow Jones и S&P 500 достигнаа ново највисоко ниво во историјата. Сепак, на берзите не владее еуфорија, а цените на акциите не пораснаа премногу.

„Моментно сите вести се добри, но недоволни за да поттикнат посилен раст на цените на акциите. Само поголем раст на добивките на компаниите би можел значително да ја потикне цената, а повеќето индустрии не бележат силен раст на добивка“, вели Рики Меклер, претседател во фондот LibertyView Capital Management.

Вчера објавените макроекономски податоци за довербата на потрошувачите и растот на активностие во услужниот сектор укажуваат на стабилен, но не и импресивен раст на американската економија.

На воздржаност на инвеститорите укажува и намалениот обем на тргување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП