10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган сепак изнуди пониска каматна стапка

Ердоган сепак изнуди пониска каматна стапка

turcija2

Централната банка на Турција ја намали клучната каматна стапка за 25 базични поени по повеќемесечните притисоци од страна на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган, имено, се залага за агресивно намалување на каматните стапки со цел поттикнување на економскиот раст.

Банката, по најновиот состанок на монетарниот одбор, соопшти дека еднонеделната репо стапка е намалена на 7,5 од 7,75 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Маргиналната каматна стапка е намалена за 50 базични поени, на 11,25 од 11,75 проценти, додава банката.

Останува да се види дали овој внимателен потег на банката ќе биде доволен за Ердоган, кој оваа независна институција ја обвини дека ја „влече Турција кон дното“ во коментарите кои значително влијаеа на падот на вредноста на турската валута, наведува Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП