3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПогледот кон индината во Audi - концептот Prologue Avant (фото)

Погледот кон индината во Audi – концептот Prologue Avant (фото)

avant koncept

„Audi“ целосно го откри концептот „Prologue Avant“, чија официјална премиера ќе се одржи во почетокот на следната недела во Женева. Моделот го открива идниот дизајн на брендот, а притоа се потпира на хибриден мотор.

„Ова е нова интерпретација на филозофијата наша за караван возилата“, со овие зборови германската компанија го одредува својот „Prologue Avant“. Автомобилот е дело на новиот главен дизајнер на „Audi“, Марк Лихте, а е базиран на каросеријата на „Prologue“, кој беше прикажано претходно во оваа година.

avant koncept1

Новиот „Audi Prologue Avant“ се протега на должина од над пет метри, демонстрира агресивна предница и ниско поставена решетка на ладилникот. Фаровите се издолжени и релативно компактни, а притоа се опремени со најновите ласерски светла. А под нив се наоѓаат големи отвори за воздух. Задниот дел е заострен, опремен со мал прозорец на вратата, позади со „3D“ дизајн и масивни ауспуси, кои се монтирани во браникот.

Интересен елемент, кој најверојатно ќе остане само на концептуално ниво, се рачките на вратите. Всушност, такви нема. Автомобилот располага со електромеханички врати кои се отвораат при допир.

avant koncept2

Внатрешноста е опремена со материјали од највисок квалитет – вистински алуминиум, хром, природно дрво и кожа. Дизајнот е различен од она што сме навикнати да го гледаме во моделите на „Audi“. Апаратите се целосно дигитални, а ентериерот располага со четири индивидуални седишта. За задните се предвидени „OLED“ монитори.

Погонскиот агрегат на „Prologue Avant“ не е бензински „V8“, како што се очекуваше, туку дизел-електричен. Хибридниот систем обединува 3,0-литарски „TDI“ мотор, електромотор и литиум-јонска батерија (14,1 kWh). Комбинираната максимална моќност е 455 КС, а максималниот вртежен момент достигнува 750 Нм.

avant koncept3

Хибридниот мотор е поврзан на четирите тркала, што му овозможуваат спринт од место до 100 км/час за 5,1 секунди. Максималната брзина е 250 км/час.

Повеќе од импресивен е податокот за просечната потрошувачка на гориво во хибриден режим – само 1,6 л/100 км, покажуваат информациите од „Audi“. Само на електрична енергија моделот може да помине 54 километри.

avant koncept4

Пред публика „Prologue Avant“ ќе се појави на 3-ти март во Женева. На швајцарскиот саем ќе видиме и каросеријата на „Prologue“.

avant koncept5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП