18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBrabus го направи најбрзото 4х4 купе на светот (фото)

Brabus го направи најбрзото 4х4 купе на светот (фото)

brab 850

„Brabus“ објави информации и фотографии од најбрзото во светот купе со погон на четири тркала.

Автомобилот го носи името „850 6.0 Biturbo“ и е базиран на „Mercedes-Benz S63 AMG Coupe 4Matic“.

brab 8501

Возилото доби преработени браници, како и нов дифузор и спојлер. Дополнителните елементи се од карбон, а клиентот ќе може да избира меѓу 5 видови на лесни бандажи – со големина од 18 до 22 инчи.

brab 8502

Промените во внатрешноста ги опфатиле седиштата, внатрешниот дел на вратите, како и табла со контролните уреди. За нив е користена специјална темно-златна боја, а 219 елементи од целиот автомобил се насликани со неа.

Најважната новост сепак е во моторот. Стандардниот „Mercedes-Benz S63 Coupe 4Matic“ располага со 5.5-литарски V8 мотор. Обемот на агрегатот веќе е зголемен до 5.9-литри, а доработени се двата турбо-компресори и издувните колектори.

brab 8503

Како резултат на тоа моќноста достигнува 850 КС и 1450 Nm, достапни во опсег 2500-4500 врт/мин. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај автомобилот се остварува за 3,5 секунди, а за постигнување на 200 км/ч од место се потребни 9.4 секунди. Максималната брзина е ограничена по електронски пат на 350 км/ч.

brab 8504

Премиерата на автомобилот на „Brabus“ ќе биде на претстојниот автосаем во Женева кој ќе започне следната недела. Таму ќе биде познато по која цена ќе се продава возилото.

brab 8505

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП