9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРахој предвидува раст од 2,4 проценти оваа година

Рахој предвидува раст од 2,4 проценти оваа година

shpanija6

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека шпанската економија оваа година ќе забележи раст од 2,4 проценти.

Отварајќи ја годишната дебата за состојбата на нацијата, Рахој изјави дека Шпанија од работ на колапсот успеала да дојде до фаза во која е земја со најголема стапка на раст, која отвора работни места.

Рахој претходно предвиде економски раст од два проценти за оваа година, во која во Шпанија се одржуваат општи избори.

И покрај економскиот раст, Шпанија и понатака се соочува со стапка на невработеност од 23,7 проценти.

Рахој вети дека оваа година ќе отвори околу 500.000 нови работни места, потсетува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП